Маргарет Тачер: Ние си ги сакаме парите назад!
Објавено во: Стил
09 Април, 2013
Добивај вести на Viber
Сите лидери на земјите од Европската Унија денес изразија сочуство по веста за смртта на поранешниот британски премиер Маргарет Тачер, истакнувајќи дека таа одигра клучна улога во обликувањето на Европската унија и сегашна поставеност внатре во ЕУ. Сепак не пропуштија да истакнат дека со поголемиот дел од нејзините евроскептични ставови не се согласуваа. Токму Маргарет Тачер овозможи пристап на Британија кон Европската унија "со едната нога во ЕУ, а со другата преку Атлантикот", а со својата посветеност за повраток на парите од буџетот на ЕУ во британскиот буџет, т.н. "рабат“, служи како пример на тоа како таа се пресметуваше со колегите од другите земјите-членки бранејќи го она што таа сметаше дека е од национален интерес за Британија.
„Ние си ги сакаме нашите пари назад", рече во 1984 година кога Обединето Кралство плаќаше многу средства во заедничкиот буџет, но не добивааше многу, бидејќи таа немаше развиена земјоделска политика во однос на другите држави, а речиси 80 отсто од буџетот на ЕУ одеа во земјоделството. Тачер се бореше на Велика Британија, која тогаш беше меѓу најсиромашните земји членки на Европската унија, автоматски да и биде вратена одредена сума на пари. Сите премиери кои ја наследија се до денес одбија да ги прифатат укинувањето на т.н„рабат“ кој изнесува околу пет милијарди евра, без оглед тоа што Велика Британија сега една од најголемите плаќачи во буџетот на ЕУ.
Маргарет Тачер беше креатор на иднината на британската економија, исто така и еден од најважните светски лидери во текот на Студената војна, а го отвори и патот за жените во политиката. Без оглед на своите успеси и неуспеси, таа ја одбележаа втората половина на 20 век. Еве дел од нејзините најпознати цитати;
1979. „Сакам расправа. Сакам дебата. Не очекувам од никој да седи и да се сложува со сето она што го велам. Тоа не е нивна работа."
1980. „Никој не би се сеќавал на Добриот Самарјанин, ако тој имаше само добри намери. Тој имаше и пари. "
1980. „Моравме да се бориме против надворешниот непријателот од Фолкландите. Секогаш треба да бидеме свесни и за внатрешниот непријател, со кој е многу потешко да се бориме и кој е многу поопасен за слободата."
1984.(За штрајкот на рударите)„Тие ги префрлаат своите проблеми врз општеството. А не постои такво нешто како општество. Постојат само поединци - мажи и жени и нивните семејства"
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.