Маричиќ за падот на ЕУ-ентузијазмот во анкетите: Граѓаните не се против, туку само се разочарани
Објавено во: Македонија 29 Март, 2023 21:26
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за падот на ентузијазмот кај граѓаните во анкетите за поддршка на евроинтеграциите, вели дека не станува за противници на идејата, туку за голем број на разочарани проевропски настроени граѓани.
„Разочарани од тоа што се случувало во изминативе неколку години, а поврзано со блокадите со коишто се соочивме, разочарани затоа што сè уште немаме точен датум кога ќе станеме членка на Европската Унија. Разочарани сигурно и поради темпото на реформите“, рече Маричиќ на денешниот настан за промоција на проектот „Медиумите за ЕУ“.
За да се промени перцепцијата на граѓаните за процесот на преговори и за ЕУ, според вицепремиерот, клучни ќе бидат токму медиумите, граѓанското општество и политичките партии.
„Процесот на евроинтеграции, особено со новата методологија, стана и политички процес, кој за жал кај нас сè почесто се политизира и се злоупотребува за дневна политика, што секако влијае на ставовите на граѓаните за ЕУ. Затоа граѓаните треба да бидат добро информирани за ЕУ и заеднички да правиме напори да се продлабочи дебатата за преговорите со ЕУ и за сите позитивни промени и економски можности кои ги носи членството“, истакна Маричиќ.
Покрај тоа, голема улога, според него, играат и дезинформациите со кои се поткопува проевропското расположение.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




