19 Декември, 2025
0.0697

Марија Еленова надоаѓачка репрезентативка на Македонија во тенис

Објавено во: Економија 13 Март, 2016 09:10

Добивај вести на Viber

„Гем, сет и меч - Марија Еленова“. Чести се ваквите завршни огласувања на главните судии на турнири за помлада возрасна категорија кога настапува надоаѓачката македонска репрезентативка во тенис. Има само 16 години, веќе има неколку титули зад себе, а лани беше дел и од националниот тим при Федерејшн куп настанот во Улцин што ја направи најмлада учесничка во натпреварувањето.

 image7

Потенцијалот што е вграден во неа е неспорен. И лаик може да го забележи при следење на нејзин тренинг и настап. Работата со нозе е првиот момент што ве наведува на заклучок дека пред вас е девојка со ветувачки пакет на тениски вештини. Изборот на удари за напад, антиципација за справување со противничките опции, однесување при игра од основната линија, се само дел од арсеналот на оружја на Еленова на земја или тврда подлога.

„Мојот прв контакт со тенисот беше случаен. Почнав рекреативно, покрај сестра ми. Но, како одминуваше времето овој спорт сe` повеќе ме привлекуваше и освојуваше. Тренинзите ми беа недоволни, во мене се разгоруваше страста и желбата да бидам на тениските терени што е можно повеќе“, вели Марија низ насмевка.

 image2

Иако е на половина од средното образование, Еленова станува се подоминантна меѓу врсничките, бележи успешни настапи и периодично ја полни колекцијата на пехари и медали. Со „белиот спорт“ е во „врска“ веќе осум години. Напорно тренира и фокусирана е на работата. Излегувањето на терен за неа е истовремено и забава и уживање од една страна меѓутоа нејзините амбиции одат во насока да биде македонски виртуоз со рекетот во рака.

„Оваа година повторно ќе се натпреварувам на Државното првенство на Македнија. Овојпат во категоријата до 16 години“, порачува Еленова чиј подем почнува на крајот од првата декада во животот.

Оттогаш ги понесуваше титулите национален првак до 10 години, до 12 години и до 14 години. Покрај нив има освоено и Мастерс турнири во кои учествуваат најдобрите осум тенисерки во земјата во текот на годината. Се разбира, во односните возрасни конкуренции.

„Имам многу настапи во полуфинале и во финални мечеви. Секој турнир е важен за мене, секоја победа си има своја тежина, но, сепак, повеќе се радувам на победи и успеси на европските турнири“, објаснува Еленова. 

Од нејзините зборови и ставови логично се наметнува заклучок - „плафонот дома е дофатен, ред е да се измериме со конкуренцијата во странство и да видиме каква сум и до каде сум“. И добро е што е така оти тоа е единственото релевантно мерило, но показател дека Марија созрева и како личност и како тенисерка и се стреми кон надминување на просечноста и анулирање на онаа народната „подобар прв во село одошто последен во град“.

„Имам настапи и на европски турнири. За одбележување се оние во Италија и во Приједор, Србија, каде го освоив првото место. Покрај игрите во поединечна конкуренција во странство и освоените титули, настапувам надвор од границите на Македонија и во дубл, конкуренција во која иксто така имам освоено титули. Како еден од најзначајните турнири, сепак, морам да го издвојам учеството на Фед Купот во Улцин каде што ја имав таа привилегија да бидам најмлад учесник на таков голем турнир. Искуството што го стекнав притоа е непроценливо“, признава Еленова чиј идол е Рафаел Надал.

Младата средношколка работела со повеќе тренери, но сепак, ја издвојува, сега веќе починатата, Јелена Генчиќ, жената под чија палка започнаа и светски познатите тениски имиња како Моника Селеш и Новак Ѓоковиќ

 image4

Најголемата поддршка, вели, ја добива од татко и кој, речиси, секаде ја придружува, особено на патувањата во странство. Но, потенцира дека енергија црпи и од несебичната поддршка и совети што ги добива својата мајка и од нејзината сестра.

Во моментот Марија  учи и тренира во спортската тениска академија во Скопје. Работела со повеќе тренери, но сепак, ја издвојува, сега веќе починатата, Јелена Генчиќ, жената под чија палка започнаа и светски познатите тениски имиња како Моника Селеш и Новак Ѓоковиќ. Под нејзина „контрола“ Марија мина две ипол години.  Напорното темпо што притоа ~ беше наметнато оставија тешко избришлива трага во нејзиниот тениски карактер и одлично се вклопија во веќе присутната посветеност кон тениската игра.

Еленова за условите за треирање и развој на тенискиот спорт во Македонија  смета дека се вложува недоволно      

Натпреварите, пак, одиграни надвор од земјава и овозможиле да ги воочи и разликите меѓу условите за работа и развој што се присутни во Македонија, во регионот и пошироко. Во тој контекст, иако тинејџерка, сепак, резонира како зрела индивидуа и со критички осврт.

 image3

„За разлика од регионот, во Македонија се вложува недоволно. Она што можам да го истакнам е недостигот на соодветни услови за тренирање, особено во зима. Во студените денови, за жал, нема специјални сали што се затоплени и нудат комотни услови за работа. Кога професионално се занимавате со тенисот, тогаш треба подолго да сте на терен, а ние се смрзнуваме додека тренираме. Ситуацијата во топлите месеци е поинаква, подобро е. Квалитетот од аспект на тренирање не е баш на највисоко ниво. И во тој дел сме многу послаби од другите земји од регионот“, коментира Еленова. 

Иако штотуку дувна роденденска торта со 16 свеќички (30 јануари), сепак, нејзините амбиции се насочени кон големи подвизи.

„Доколку имам некоја подобра прилика, секако, дека би заминала да тренирам некаде надвор од Македонија, некаде во некои потопли краишта или во места во кои условите за работа се издигнати на повисоко ниво од овдешното. На пример во Шпанија. Но, засега останувам во Македонија, вели Еленова. 

 image2

Младата средношколка признава дека сe уште не одлучила во која насока по средното училиште ќе продолжи. Има време, вели, „за тоа потоа“, меѓутоа како скапоцено не го троши залудно, па секој слободен момент го користи за изучување на два странски јазика. И ќе и требаат, можеби, еден ден кога по голема турнирска победа во сениорска конкуренција ќе се обраќа пред гледачите како што го прават тоа сите тениски победници во денешно време.

И Шарапова почна да бележи резултати пред да наполни 10 години. Како деветгодишно девојче, популарната Маша, тогаш триумфира на турнир за тенисерки до 16 години и богатството и слава и беа на дофат. Можеби по сличен пат ќе зачекори и Марија Еленова. Се надеваме дека ќе биде така.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите