Добивај вести на Viber
Според „Форбс“ Марија Шарапова е најдобро платена спортистка во светот .
Руската тенисерка во периодот од јуни 2012-та до јуни 2013-та таа заработила 29 милиони долари. Износот вклучува пари од наградните фондови, реклами, приходите за учества на трунири и приходи од сопствен бизнис како бонбоните „Sugarpova“, од кои веќе се продадени речиси 1,5 милиони примероци.
Во Топ 10 на најпознатите платени спортистки седум се тенисерки, а втората позиција ја зазема Серена Вилијамс со приходи од 20,5 милиони долари. Од нив 8,5 се од наградни фондови и уште 12 од спонзорските договори со компании како „Nike“, „Wilson“, „Gatorade“ и „OPI“.
Меѓу платените спортистки трета на листата е Кинескињата, На Ли со 18,2 милиони евра, од кои само 3,2 се од наградни фондови, а останатите 15 од рекламни договори.
Топ 10 на најплатените спортистки за последната година:
1. Марија Шарапова,тенис – 29 милиони долари
2. Серена Вилијамс, тенис – 20,5 милиони
3. На Ли, тенис – 18,2 милиони
4. Викторија Азаренка тенис – 15,7 милиони
5. Даница Патрик автомобилизам – 15 милиони
6. Ким Ју На уметничко лизгање – 14 милиони
7. Каролин Вознијачки тенис – 13,6 милиони
8. Агнешка Радванска тенис– 7,4 милиони
9. Ана Ивановиќ тенис – 7 милиони
10. Пола Кримајер голф – 5,5 милиони
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: