МАРИН ЛЕ ПЕН ЕДНО НЕШТО НИКОГАШ НЕ МУ ПРОСТИ НА СВОЈОТ ТАТКО: Поради неговите зборови, цел свет ја виде мајка ѝ гола
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2025
Францускиот екстремно десничарски политичар Жан-Мари Ле Пен, татко на Марин Ле Пен, почина денеска на 96-годишна возраст, оставајќи зад себе десничарско политичко наследство и поделби, како и две сопруги, три ќерки и осум внуци.
Жан-Мари обезбеди одредена долговечност на екстремната десница во Франција во последните 50 години. Тој беше познат по неговата остра реторика против миграцијата и мултикултурализмот, што му донесе лојални поддржувачи, но и широко распространета осуда. Тој се спротивстави на Европската Унија, а неговиот политички фокус беше на француската традиционална култура и високата стапка на невработеност. Тој се залагаше за поголеми инвестиции во одбраната, културната цензура, воведувањето на смртна казна и евроскептицизмот.
Неговата смрт доаѓа во критично време за неговата ќерка, која се соочува со потенцијална затворска казна и забрана да се кандидира за политичка функција доколку биде осудена во судскиот процес за проневера што моментално се води.
Драматичен крај на бракот
Неговиот брак со Пјерет Ле Пен (89) заврши драматично во 1987 година. Всушност, Пјерет, мајката на Марин Ле Пен позираше гола за француското издание на „Плејбој“ со цел да го исмее. Беа издадени 100.000 примероци од списанието, од вообичаените 150.000, но требаше да се испечатат дополнителни 150.000 за да се задоволи побарувачката.
Во 1960 година, Жан Мари се оженил со Пјерет, ќерка на винар од југозападна Франција, која во тоа време била модел. Тие се запознале две години порано. Заедно имаа три ќерки, од кои најмладата е Марин.
Пјерет првично го следеше нејзиниот сопруг во неговите политички активности, но одлучи да се разведе од него во 1987 година поради неговите екстремни ставови и го напушти семејниот дом во 1984 година.
Плејбој со рекорден број продадени примероци
Во интервју за „Плејбој“ во 1987 година, Жан-Мари Ле Пен - кој одби да и платќа алиментација на Пјерет - рече дека „ако и требаат пари, само треба да чисти“. Поради неговите изјави за „традиционалните француски вредности“ и дека „жената е добра само за чистење, перење и извршување на своите брачни обврски“, Пјерет во знак на одмазда решила да се слика гола за „Плејбој“.
Таа во 1987 година имала 29 години и со овој чин сакала да го исмејува својот поранешен сопруг, фотографирајќи се во костим на француска собарка која ја чисти куќата.
Најмладата ќерка Марин Ле Пен призна дека никогаш не му простила на својот татко што ја испровоцирал ситуацијата и признала дека била истрауматизирана. Тогаш имала 16 години и ги раскинала сите односи со мајка си, за подоцна да ја поправи врската. Марин еднаш рече дека има многу љубов меѓу неа и нејзината мајка.
Марин го наследи нејзиниот татко во партијата, кој поднесе оставка како лидер во 2011 година. Таа не беше планирано да ја наследи политичката функција на нејзиниот татко, тоа требаше да биде нејзината сестра Мари-Керолин, која го избра сопругот наместо нејзиниот татко и на тој начин изврши непростливо предавство. Имено, Мари-Керолин ги вкрстила патиштата со својот татко откако нејзиниот сопруг му се придружил на Бруно Маигре кој се одвоил од Националниот фронт (ФН) и го основал ривалското Национално републиканско движење (МНР).
Но, како што пишува Би-Би-Си, Жан Мари и Марин Ле Пен речиси веднаш се оддалечиле. Марин, која го придружуваше својот татко на политичките собири како девојче, свесно ја оддалечи партијата од поекстремните политики на нејзиниот татко за да ја направи попривлечна за евроскептичните мејнстрим гласачи. И тогаш нивната врска неповратно се распадна.
Жан-Мари беше суспендиран од партијата во 2015 година, откако одби да присуствува на дисциплинско рочиште за опишување на Холокаустот како „детал“ од историјата.
Две години подоцна, за време на нејзината сопствена претседателска кампања, Марин го смени името на партијата во Национално собрание, што нејзиниот татко го нарече „самоубиствен“ потег.
фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN