ДЛАБОКО ОД ПОД УРНАТИНИТЕ НА ТИБЕТ СПАСЕНО МОМЧЕ И ЕДНА ЖЕНА: Продолжуваат спасувачките операции
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2025
Напорите за спасување и помош се уште траат по земјотресот со јачина од 7.1 степени според Рихтеровата
скала што го погоди округот Дингри на југозапад на Тибет.
До денес, 407 луѓе се спасени откако останале заробени по земјотресот, додека 14 места за преселување сецелосно формирани за да обезбеди итно засолниште за повеќе од 30.000 луѓе раселени во катастрофата.
Спасувачки тим формиран од одреди од народната вооружена полиција Ксигазе (ПАП), полицијата на Дингри, пожарникарите, бригадата за управување со границата и окружните кадри спасија неколку луѓе од урнатините од нивните домови и работни места, вклучително и момче и средовечна жена затрупани длабоко во урнатините.
Двајцата се испратени во окружната болница по итна помош и моментално се опоравуваат.
Во вторникот наутро, 90-годишен жител исто така беше успешно спасен од локални службеници и кадри во село во округот Чулхо и беше префрлен во засолниште за итни случаи по лекарска проверка на лице место.
Спасувањето е особено тешко во село како Џеџианг каде што обично се направени куќи од земјени тули и дрво, особено ранливи на земјотрес поради кревката структура.
Истражувачките работи во селото целосно се изведуваат рачно од страна на пожарникарите бидејќи механизацијата е блокиранана влезот во селото поради тесниот пат и снегот .
Во моментов, сите 230 заробени жители во Џеџијанг се префрлени на безбедни локации. Вкупно 215 пожарникари од шумската противпожарна бригада Сизанг во моментов трагаат по преживеани и подигнуваат шатори за локалните жители низ погодените градови.
ФОТО: EPA-EFE/XINHUA / Jigme Dorje