09 Јануари, 2025
0.0253

Фицо: Словачка ќе разговара за одмазда по „саботажата“ на украинскиот транзит на гас

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Словачката коалициска влада ќе разговара за одмазднички мерки што треба да ги преземе против Украина откако таа го запре протокот на руски гас низ нејзината територија кон Словачка, изјави во четвртокот словачкиот премиер Роберт Фицо.

Фицо во видео-пораката објавена на Фејсбук рече дека неговата партија Смер ќе размисли за намалување на снабдувањето со електрична енергија за Украина, намалување на помошта за украинските бегалци и барање обновување на транзитот на гас или компензација за загубите, за кои рече дека Словачка претрпела поради прекинот на рускиот гас, пренесува Ројтерс.

Договорот за транзит на руски гас преку гасоводот што минуваат низ украинска територија, склучен меѓу рускиот „Газпром“ и украинскиот „Нафтогаз“ кон крајот на 2019-та, истече на 31 декември 2024 година. Украина одби да го продолжи како одговор на руската инвазија врз земјата и од 1 јануари годинава запре испораката на руски гас кон запад преку украинска територија, од што најмногу се погодени Словачка и Молдавија.  

Извори од Владата во Братислава претходните денови најавија дека за вчера во Брисел била закажана средба меѓу претставници на ЕУ, Словачка и Украина посветена на прашањето со прекинот на транзит на гасот, но потоа беше соопштено дека состанокот е откажан откако украинската страна најавила оти нема да присуствува на него.  

Европската комисија вчера одби да ја потврди или негираа информацијата за наводно најавената средба, само посочувајќи дека одржува контакти на политичко и на техничко ниво со сите страни засегнати од истекот на Договорот за транзит на руски гас преку украинска територија. 

Според последните информации, Словачка инсистирала на средба со Европската комисија околу ова прашање и неофицијално теков состанок е најавен за утре, но неизвесно е дали на него ќе присуствуваат и претставници на Украина. Според истите извори, Словачка ќе побара или Украина да го обнови транзитот на руски гас или да и биде исплатено обесштетување поради претрпените штети од прекинот на испораката на енергенсот. 

Во врска со оваа прашање се огласи и партијата Глас – Социјална демократија (Хлас-СД), која е основана од актуелниот словачки претседател Петер Пелегрини и е дел од владината коалиција во земјата, која тврди дека поради одлуката на Украина „да го запре транзитот на руски гас за ЕУ“, Словачка ќе претрпи загуби од стотици милиони евра. 

Според партијата, украинската одлука ќе резултира и со повисоки цени на бензините, што „неизбежно ќе доведе“ до зголемување на инфлацијата и на трошоците за храна. 

Словачката владејачка партија во соопштението вели дека доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски „сака да го гледаат како партнер, ќе мора така и да се однесува“, порачувајќи дека доколку тој „продолжи со ваквиот пристап кон Словачка“, Хлас-СД би можела да ја преиспита својата поддршка за членство на Украина во ЕУ. 

Партијата уште најави дека за проблемот со транзитот на гас ќе побара да се разговара на средбата со коалициските партнери предвидена за оваа недела, посочувајќи дека приоритет е да се обезбеди стабилност во снабдувањето со енергија во претстојните години. 

Претходно и словачкиот премиер Роберт Фицо се обиде да ја убеди Украина да го продолжи договорот за транзит, нагласувајќи дека со прекинот на дистрибуцијата на руски гас Словачка  

ќе има дополнителни трошоци за набавка на енергенсот од други извори, но ќе ги загуби и приходите што ги има од преносот на гасот преку словачка територија кон останатите земји од ЕУ. Откако Киев го одби ваквото барање на Фицо, тој се закани дека Словачка ќе го запре преносот на електрична енергија за Украина преку нејзина територија или дека ќе ја намали помошта за украинските бегалци сместени во земјата. 

На ваквите закани на Фицо, Зеленски одговори со обвинувања дека рускиот претседател Владимир Путин „му наредил на Фицо да отвори втор енергетски фронт против Украина“. 

Обвинувањата на Зеленски уследија откако два дена пред католичкиот Божик, Фицо отпатува за ненајавена посета на Москва. Детали за средбата не беа објавени во јавноста. 

Во вакви услови за в петок во Словачка се најавени неколку, како што се наречени, „про-ЕУ и про-украински протести“. 

Во меѓувреме, се огласи и Полска која најави дека ќе го покрие снабдувањето со електрична енергија за Украина, доколку Словачка реши да ја прекин дистрибуцијата на струја за земјата. Чешка, пак, во исто време и понуди на Словачка помош за обезбедување дополнителен транзит и капацитети за складирање на гас, како во текот на оваа грејна сезона, така и на долг рок. 

Можеби ќе ве интересира

БЛИНКЕН: Идејата Гренланд да биде дел од САД не е добра

БЛИНКЕН: Идејата Гренланд да биде дел од САД не е добра

ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ДО ТРАМП: Границите не смеат да се поместуваат со сила

ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ДО ТРАМП: Границите не смеат да се поместуваат со сила

УКРАИНА: Спремни сме да го пополниме секое празно место ако Унгарија реши да се повлече од ЕУ и НАТО

УКРАИНА: Спремни сме да го пополниме секое празно место ако Унгарија реши да се повлече од ЕУ и НАТО

ПЕНТАГОН: Велат дека и со доаѓањето на Трамп помошта за Украина ќе продолжи

ПЕНТАГОН: Велат дека и со доаѓањето на Трамп помошта за Украина ќе продолжи

КАТАСТРОФА НА ТИБЕТ: Загинаа 126 луѓе

КАТАСТРОФА НА ТИБЕТ: Загинаа 126 луѓе

НАПРЕДОК НА РУСИТЕ: Заземаа украински град каде има наоѓалиште на литиум

НАПРЕДОК НА РУСИТЕ: Заземаа украински град каде има наоѓалиште на литиум

ЗАГРОЗЕНА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА КАМАЛА ХАРИС, ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПЕПЛОСУВА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Најлошото допрва доаѓа!

ЗАГРОЗЕНА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА КАМАЛА ХАРИС, ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПЕПЛОСУВА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Најлошото допрва доаѓа!

МАСК ДЛАБОКО СЕ ВМЕША ВО ГЕРМАНСКАТА ПОЛИТИКА, НО ДВАЈЦА ЕВРОПСКИ ЛИДЕРИ ПОСЕБНО ГО „САКААТ“: Какви придобивки имаат од него?

МАСК ДЛАБОКО СЕ ВМЕША ВО ГЕРМАНСКАТА ПОЛИТИКА, НО ДВАЈЦА ЕВРОПСКИ ЛИДЕРИ ПОСЕБНО ГО „САКААТ“: Какви придобивки имаат од него?

„ЕУ НЕМА ДА ТОЛЕРИРА НАПАД НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ“: остра реакција од Франција по заканата на Трамп за окупација на Гренланд

„ЕУ НЕМА ДА ТОЛЕРИРА НАПАД НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ“: остра реакција од Франција по заканата на Трамп за окупација на Гренланд