28 Ноември, 2024
0.0919

Марио Драги: Грција дава погрешни економски податоци

Објавено во: Балкан 09 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Грција продолжи да дава погрешни економски податоци дури и откако Европската централна банка, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, почнаа со проценка како да и’ помогнат на земјата, рекол претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

„Сигурно е дека одредени тогашни одлуки се донесени на основа на тие информации кои беа нецелосни, погрешни или несоодветни“, рекол Драги во обраќање пред пратениците од Европскиот парламент во Брисел.

Драги нагласи дека извештаите за структурната сила на грчката економија биле  неточни и дека Атина членовите на таканаречената тројка постојано ги уверувалка дека економијата на таа земја е многу посилна од реалноста.

ММФ во текот на минатиот месец објави мошне критички извештај за првата финансиска помош на Грција.

Исто така, Марио Драги изјави дека буџетскиот реформи се тешки и дека сеуште се неопходни во кризните земји од еврозоната.

Она што ЕЦБ сака да го каже е: Немојте да го загрозите напредокот на земјите кои се во криза, посебно на полето на урамнотежување на буџетот, туку тоа урамнотежување да го усогласите со економскиот раст, да ги намалите даноците, да ја намалите моменталната потрошувачка и да стартувате со структурни реформи, истакнува Драги.

„Знаеме дека фискалната консолидација и понатаму е неизбежна. Кога истата би била прекината, знаеме каква би била реакцијата на пазарите, знаеме дека каматните стапки би се покачиле“, нагласува Драги.

ЕЦБ минатата недела ја задржи клучната каматна стапка на 0,50%, трет месец по ред, а Драги порача дека монетарната политика ќе остане лабава, додека тоа биде потребно.

.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“