29 Април, 2024
0.0294

Мариса Мајер доби бонус од 1,2 милиони долари за шест месеци во Yahoo

Објавено во: Стил 09 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Главниот извршен директор на Yahoo, Мариса Мајер добила 1,2 милиони долари бонус, по само шест месеци на функцијата, покажуваат доставените документи до регулаторите. Маjер, која се приклучи на Yahoo како извршен директор минатиот јули, можела да добие до два милиони долари бонус минатата година, ако постигнела одредени цели. Добиениот бонус на Мајер минатата година бил во согласност со фактот дека таа започнала работа во компанијата во средината на годината. Мајер добива годишна плата во износ од еден милион долари, но може да заработи и до 50 милиони долари вкупно, вклучувајќи и опции за купување на акции, ако остане во компанијата пет години. Од AllThingsD посочуваат дека бонус всушност како резултат на зголемената профитабилност на Yahoo, бидејќи акциите на компанијата се поскапеле за околу 50% откако Маjер беше назначена. Мајер исто така е предмет на сериозен интерес од страна на медиумите. Минатиот месец таа им забрани на вработените на Yahoo да работат од дома, што стана жешка тема за дискусија.