МАРЈАН ЃОРЧЕВ ГО КРИТИКУВА ГРУЕВСКИ: Зошто сака да ја разруши стабилноста на ВМРО-ДПМНЕ во време кога тоа е најкомпактно
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2023 10:44
Марјан Ѓорчев, во своето гостување во радио Лидер, рече дека екс лидерот на партијата, Никола Груевски, сето ова го прави во период кога ВМРО-ДПМНЕ е најкомпактно, стабилно и со најголем број на градоначалници во историјата на локалните избори.
-Тука е и проблемот, што е необјасниво, е зошто тој би превземал било каква акција во делот да може да се разруши стабилноста на ВМРО-ДПМНЕ, кога ВМРО-ДПМНЕ е најкомпактно, после конгресот, каде со акламација е избран, проф.д-р Христијан Мицкоски. И второ каде што на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ е во водство и со најголем број на градоначалници во историјата на локалните избори во Република Македонија, рече тој.
Ѓорчев во текот на своето гостување порача дека не ја гледа логичноста да еден поранешен претседател на партија кој е легитимно назначен и разрешен така да се однесува.
-Не ја гледам човечката логика на еден претседател кој бил толку години, кој е избран според тоа како предвидуваат статутите на ВМРО-ДПМНЕ и разрешен на начин како што предвидуваат статутите на ВМРО-ДПМНЕ, и според мене за еден човек да остане човек до крај, во вакви моменти треба да даде поддршкка, тој го прави тоа спротивното, вели Ѓорчев.
На крај Ѓорчев порача:
-Во овој момент се врши страшен притисок врз Република Македонија, врз институциите и тука веројатно е обидот на Груевски на некој начин не покажувајќу цврсто јадро во себе кој што ќе значи еден амалгам кој што ќе ги обедини Македонците и ќе каже јас ви порачувам од Будимпешта вие да бидете обединети, силни и да издржите под притисок на уставните измени.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




