20 Декември, 2025
0.0534

Марк Цукерберг открива три клучни карактеристики за успешност

Објавено во: Економија 03 Септември, 2016 14:24

Добивај вести на Viber

Марк Цукерберг со бизнисите на Facebook стана еден од најмладите и најбогатите милијардери во светот, но тој успех мора постојано да се надградува и одржува бидејќи ништо не е вечно. Токму затоа Цукерберг открива кои се трите клучни карактеристики по кои ќе препознаете дали еден претприемач или бизнисмен има шанси за успех. Првиот чекор е да имате визија, мора да знаете однапред каде сте и каде сакате да одите, што да постигнете.
„Ако сакате да изградите нешто големо, тогаш фокусирајте се на промените кои вие сакате да ги направите во светот. Јас гледам многу претприемачи кои решаваат дека сакаат да основаат компанија, без всушност да знаат што сакаат да изградат“, советува Марк Цукерберг.
markzuckerberg Се што планирате не можете да го постигнете сами, ви треба поддршка, совети, мотивација и укажања.
„За да го изградите најсилниот можен тим барајте луѓе кои се надминуваат во области каде вие немате искуство или пак имате послаби вештини, ќе ви требаат за да ве надополнуваат. Не се лажете ако сте талентирани, бидејќи ќе дојде момент кога нема да може на се да одговорите“, посочува Цукерберг.
За на крај Цукерберг вели дека ништо не е возможно без упорност, соништата, визијата, плановите не секогаш се реализираат како што посакувате, па затоа не треба да се откажувате и секогаш да мислите на големо.
„Луѓето зборат за успеси преќу ноќ, но тоа воопшто не е вистина, зад секоја успешна приказна нема случајности, туку само напорна работа“, заклучува Цукерберг.
Што мислите вие за работната философија на Цукерберг.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба