19 Декември, 2025
0.0404

Марко Бислимовски уште шест месеци претседател на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Објавено во: Економија 19 Декември, 2023 15:03

Добивај вести на Viber

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, останува уште шест месеци на чело на Бордот на регулатори на Енергетска Заедница.

Двојниот мандатар ја продолжува својата функција откако немаше консензус за избор на нов претседател на ова тело на состанокот во Атина во полн состав на сите регулатори членки на Енергетската заедница како и со присуство на директорот на Енергетска заедница Артур Лорковски и поранешниот директор Јанез Копач.

„Во исклучително вонредни услови се одвиваше работата на сите енергетски регулатори. Сега кога го заокружувам претседавањето со енергетско експертскиот регулаторен дрим тим можам да кажам дека регулаторната маса на која седат сите клучни луѓе во енергетската регулативата создаде креативни решенија како да обезбедиме сигурна, стабилна испорака на енергенси, и да го заштитиме стандардот на граѓаните без ценовни шокови во време на пандемија, енергетска криза и војни. Покажавме дека регулативата што ја креира Европа а се применува кај земјите членки на Енергетската Заедница дава можност за решение, а не е изговор за енергетските проблем. Северна Македонија беше и остана во овој турбулентен период инспирација за останатите  земји членки. Механизмите што ги применивме беа повеќеслојни : од воведувањето на блок тарифите кои ја остварија целта оние кои трошат помалку да  плаќаат помалку, потоа  Елдорадото на фотоволтаци и инвестициите во сите обновливи извори како главен столб во  директниот одговор на енергетската криза. Димензионирани временски мерки за намалување на  ДДВ за струја и парно за заштита на стандардот на граѓаните, како  и зголеменото производство, намалениот увоз и секако силната финансиска поддршка преку субвенции за сметките за струја и парно  се само дел од  механизмите преку кој ја задржавме стабилна цената. Денес можеме да се пофалиме дека ја одмрзнавме примената на дневната евтина тарифа и сега е достапна за домаќинствата во интервал од 13 до 15 часот„ истакна  Бислимоски.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски е избран во двоен последователен мандат од две односно вкупно четири години како прв човек на Бордот на регулатори на Енергетска заедница. (2019-2023)


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии