12 Април, 2025
0.0142

Марко Трошановски-Институт за демократија: Со изборите сами се дестабилизираме!

Објавено во: 19 Јануари, 2016 12:10

Добивај вести на Viber

Да се оди на избори во ситуација кога неколку клучни реформи не се остварени е во најмала рака неодговорно . Она што особено загрижува е фактот што  ЕУ дава поддршка на ваквата одлука. Со изборите сами се дестабилизираме, оценува Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија. 

Горазд Чомовски

Фактор: Дали изборите во април се вовед во демократизација и спласнување на тензии или  тие  ќе бидат дополнителна причина за есклација на  политичката криза ?  

marko trosanovskiТрошановски: Вака закажани избори само ќе не втурнат во понатамошна дестабилизија. Целта на Пржино меѓудругото беше враќање на довербата во институциите која треба да резултира со избори. Избори сами по себе не може да резултираат во доверба. Во овој контекст неодговорна е поддршка на ЕУ за датумот на избори во ситуација кога неколку клучни реформи не се остварени. Вакви избори нема да се кредибилни за значителен дел од општеството и не гледам прагматична политичка проценка во оваа одлука.  Сами се дестабилизираме !