18 Декември, 2025
0.0619

МАРТА КОС СЕ ПОБУНИ ЗА НАВРЕДИТЕ НА ВУЧИЌ: Имаме проблем во Белград

Објавено во: Балкан 09 Септември, 2025 17:56

Добивај вести на Viber

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, жестоко реагираше на изјавите на Александар Вучиќ, кој членовите на Европскиот парламент што присуствуваа на протестот во Нови Сад ги нарече „ѓубре“. Според Кос, ваквиот однос кон европските претставници открива „сомнително разбирање на демократијата“ и дополнително го нарушува меѓународниот углед на Србија.

„Имаме проблем во Белград. Кога европратениците се навредуваат на таков начин, тоа ја доведува во прашање демократската зрелост на една земја кандидат“, изјави Кос по средбата со шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајзингер.

Таа потсети дека српските власти имаат обврски преземени пред Европската комисија, кои вклучуваат независно судство, слободни медиуми и фер изборни правила.

Паралелно, петмина највисоки претставници на Европската зелена партија упатија писмо до Урсула фон дер Лајен, Роберта Мецола и Антонио Кошта, барајќи од институциите на ЕУ јавно да го осудат однесувањето на Вучиќ. Тие предупредуваат дека неговите навреди, закани за кривично гонење и кампањи на дезинформации претставуваат директен напад врз демократските вредности. Во Србија со месеци има протести. Лани на 1 ноември се урна натстрешница во Нови Сад каде загинаа 16 луѓе, по што почнаа протестите. 

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии