27 Јули, 2024
0.0305

МАШКИТЕ КОШУЛИ ОДЛИЧНО ОДЕЛЕ ВО СТРАНСТВО, АМА „МОДА“ СЕПАК ЗАВРШИ СО МИНУС - која е причината за загубата на текстилната компанија

Објавено во: Економија 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Минатата година не била поволна за дел од текстилните компании во земјава.

„Мода“ од Свети Николе објави загуба од 308 илјади евра, а како причина за тоа компанијата ги наведува намалените производни резултати, но и повисоките плати во исто време, а голем проблем на ова акционерско друштво му создаде земената државна помош во времето на ковид кризата, која потоа не само што мораше да ја врати, туку и за неа да плати казнена камата.

Оваа компанија, како што говори нејзиниот Биланс на успехм, минатата година остварила оперативни приходи од дури 4 милиони евра, што е повеќе за 17 проценти во однос на претходната година.

Притоа, овој финансиски извештај покажува дека најгполемиот дел од приходите била остварени од продажба на странскиот пазар, наспроти домашниот. Па така, како приходи од продажба на странски пазар се регистрирани 3,65 милиони евра што е пораст за солидни 19 проценти во однос на една година претходно.

Од самата компанија откриваат дека извозот главно се состоел од машки кошули.

На домашниот пазар, пак, се остварени продажби од 291 илјади евра, што е зголемување за 6 отсто во однос на истиот период лани.  

„Во текот на 2023 година АД Мода Свети Николе оствари производни резултати кои се номинално послаби од остварените во 2022 година. Остварен е извоз на 726.977 конфекциски единици, што е за 9 отсто пониско од минатогодишниот. Но, треба да се напомене дека во 2023 престана да се произведува заштитна облека која беше поедноставна и со помалку време за производство на единица производ, и се разбира со пониски цени. Затоа вредноста на остварениот извоз во 2023 година изнесува 3.415.299 евра, и е за 22 отсто поголем од минатогодишниот“, пишува Ангел Димитров, извршен директор на „Мода“ во образложението на компанијата за остварените деловни резултати до инвеститорската јавност.

Тој во своето образложение дополнува и дека за да се одржи производниот капацитет во 2023 година, компанијата користела и работници од агенциите за времени вработувања, па така во изминатата година всушност биле остварени повеќе ефективни работни часови во однос на 2022 година, и тоа за 2,6 проценти.

Во образложението се нагласува и дека просечната извозна цена изнесувала 4,7 евра, што е за 32 отсто повисока од онаа во претходната година, а растот бил последица на зголемувањето на цените и на промената на асортиманот на производството.

Според Билансот на успех, оперативните расходи на компанијата изнесувале 4,31 милиони евра, што е за 34 проценти повеќе од претходната 2022 година. Набавната вредност на трговските стоки пораснала за 108 отсто, а кај останатите трошоци од работењето има зголемување за 393 отсто.

Порастот на трошоците, како што објаснува Димитров во образложението, е главна причина за загубата, и покрај тоа што остварените приходи се за 21 отсто повисоки од претходната 2022 година.

„Но и покрај зголемените приходи, остварена e загуба во износ од 18.949.841 денари што е резултат на  зголемените трошоци на работењето. Трошоците за плати изнесуваат 104.134.662 денари, односно 1,7 милиони евра, што значи дека се за 21 отсто повисоки од минатогодишните, но притоа се исплатени уште 17.517.521 денари или 285 илјади евра за плати на вработените преку агенциите за времени вработувања“, мнагласува Димитров во образложението.

Како што нагласува, „по решение на УЈП АД МОДА ја вратила целокупната добиена финансиска помош за март 2021 година, во износ од  6.636.172 денари или 108 илјади евра, а исплатила и казнена камата од 1.409.523 денари или 23 илјади евра. За февруари компанијата вратила 50 отсто од исплатената финансиска помош или 3.331.619 денари. Од Мода велат дека е поднесена тужба до Управниот суд, и, како што велат во образложението, „ако го добие спорот ќе добие назад 3.318.086 денари за помошта и 1.409.523 денари за исплатената казнена камата“.

Се додава и дека лани Моданема исплаќано дивиденда на акционерите, а вкупнитеинвестициивоопремаизнесуваат238 илјади евра. Се нагласува дека компанијата нема неманикаквикредитнизадолженија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри