МАСК СЕ РЕВАНШИРА, СУСПЕНДИРА ПРОФИЛИ НА НОВИНАРИ-За ОН тоа е опасен преседан
Објавено во: Општо 17 Декември, 2022 06:15
Обединетите нации вчера оценија дека одлуката на „Твитер“ да суспендира профили на неколку новинари претставува „опасен преседан“, во време кога новинарите ширум светот се соочуваат со цензура, физички закани и уште полоши работи, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.
Дижарик нагласи дека ОН се „многу вознемирени“ од „произволното суспендирање“ на новинарите од „Твитер“. Тој порача дека гласот на медиумите не смее да се замолчува на платформа која тврди дека дава простор за слобода на говорот.
„Твитер“ ги суспендираше профилите на неколку новинари од „Њујорк Тајмс“, „Вашингтон пост“, „Си-Ен-Ен“ и од други медиуми што неодамна критички пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск.
Компанијата не објасни зошто ги отстранила профилите на новинарите и ги избришала нивните претходни објави.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





