ПРВ СЛУЧАЈ ВО ДЕБАР ПО МЕСЕЦ И ПОЛ: Имамите и оџите ги повикуваат граѓаните да се тестираат масовно
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2020
Во изминатите 24
часа се направени повеќе од 1000 тестови. Практично, во општините кои се
сметаат за жаришта на корона вирусот, и од каде во изминатите три дена доаѓаат
најголемиот број заразени со Ковид-19, се прави масовен скриниг-тестирање на
населението.
Во целиот процес се активирани и верските локални заедници, односно оџите и имамите ги повикуваат граѓаните да прават тестови за корона вирусот.
Инаку, според информациите до кои дојде Фактор, 48-годишна жена од дебарското село Косоврасти, позитивна на Ковид-19 е пратена во Скопје на КАРИЛ. Сите членови на нејзиното семејство се тестираат, по што се очекуваат резултати и од таму.
Дебар беше првата општина која успешно се справи со корона вирусот, но по два месеца повторно се појавува нов случај.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.