17 Мај, 2024
0.5705

МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ЌЕ ГО ИЗРАЗАТ РЕВОЛТОТ: Не постоиме за здравствените власти

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Матичните лекари, ќе го изразат својот револт денеска со тоа што ќе излезат на протест половина час пред своите ординации. Велат дека целта им е да им укажат на здравствените власти дека се игнорирани од нивна страна во текот на целиот изминат период од почетокот на епидемијата во нашава земја.

-Односот на властите е повеќе од скандалозен, како воопшто да не постоиме, а преку нас оди сè што се случува во овој кризен период.  Постојано се апелира пациентите да не чекаат влошување на симптомите, а имаме проблеми со закажување за тестирање поради воспоставениот алгоритам. Тоа ние како лекари треба да го правиме според наша проценка, а не да чекаме алгоритмот да го одобри тестирањето. Истовремено, треба да ни се помогне околу снабдувањето на медицинска заштита и средства за дезинфекција, бидејќи од почетокот на епидемијата до сега сè сами си купуваме. Не нема ниту во наградените, меѓу оние кои добија 40% од платата во платежни картички. Можеби не сме ангажирани директно во болниците, но ние сме исто така први на удар во целата оваа борба со корона вирусот, изјавија за Фактор матични лекари од неколку ординации во Скопје.  

Освен тоа, матичните лекари сметаат дека најавените реформи кои требаа да стартуваат од 1.јули, а согласно кои 50 отсто капитација да биде од ФЗОМ, а останатите 50 од тоа што што самите ќе сработат, се бесмислени, особено сега во време на епидемија, кога најголемиот дел од бараните услуги се прават преку телефон.

-Ако се случи тоа, нема да можеме плата да поделиме, нема да опстојат голем дел од ординациите, истакнуваат матичните лекари.

Истовремено, денешниот протест, како што појаснуваат ќе го искористат и за да апелираат итно да бидат ангажирани младите лекари кои веднаш ќе се вклучат во системот, а во моментов седат дома без работа.

Во нивното соопштение наведуваат:

-Партии СТОП, поддржувајте нѐ од дома! Изјави нема да даваме, ниту ќе гостуваме по телевизии, нема потреба од драма таква, драмата е на терен и по болници, и онака има премногу работа.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела