Матичните лекари лути: Надлежните им забраниле сами на себе да си препишаат лек
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2016
Без да бидат информирани од надлежните институции, и од министерот за здравство Никола Тодоров матичните лекари останаа без опцијата сами себе да можат да се лекуваат.
Токму за оваа пракса која веќе се применува 40-тина години реагираат од Здружението на приватни лекари на Македонија.
Претседателот на Здружението, доктор Лилија Чолакова Дервишова вели дека ова директно ќе им наштети на пациентите, бидејќи лекарите посебно оние кои работат на село ќе мора да ги оставаат своите пациенти, за да можат да отидат кај свој колега во „Мој термин“ да им издаде лек за нивните здраствени потреби.
„Оваа електронска забрана е на штета на приватните лекари во земјава и затоа апелираме надлежните веднаш да ја повлечат од информатичкиот систем“, вели Чолакова Дервишова.
Наспроти тоа, надлежните служби од Миниистерството за здравство посочуваат дека овој чекор е преземен поради низа злопутреби, со образложение дека доколку на матичите лекари им недостигале бодови за да ги реализираат целите кон ФЗОМ, без потреба си пропишувале терапија за себе лично или за некои блиски и на тој начин земале целосна капитација .
Чолакова Дервишова на ова тврдење вели дека надлежните воопшто не ги познаават основните работи, бидејќи имаат договор со Фондот за здравство, кој ако го пречекорат лимитот за препишување лекови ги казнува.