Маж истепал две деца во виничко село
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2021
Маж физички нападнал малолетни брат и сестра во околината на Виница.
На 5 октомври пријавениот физички нападнал двајца малолетници од селото Лески.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.Т.(39), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.