13 Декември, 2025
0.0405

Маж уби најмалку пет лица во кафана во Цетиње, граѓаните повикани да останат дома

Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2025 19:04

Добивај вести на Viber

Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат смирени и да останат во своите станбени згради, откако маж уби најмалку петмина во кафана во предградие на црногорскиот град и побегна.

Ова се први полициски дојави од местото на трагедијата, а се стравува дека бројот на жртвите од масовното убиство ќе биде уште поголем.

На престрелката и претходела физичка пресметка во локална кафана, како што за „Вијести“ потврдија повеќе неофицијални извори. Според истите информации, полицијата трага по осомничениот А.М од Цетиње.

Според информациите од Полициската управа, повеќекратното убиство се случило во попладневните часови во градот Бајице во ресторан кога А.М. убил неколку лица со употреба на огнено оружје.

За новинската агенција беше соопштено дека најпрво дошло до тепачка во бар во предградието, по што човекот по кој се трага извадил оружје и пукал.

„Ја информираме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е последица на пресметка на високоризични организирани криминални групи. За разрешување на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС