Мажи со најмногу стил во Македонија за 2020 година: Избор на модни дизајнери и Машки магазин
Објавено во: Стил 29 Декември, 2020 18:19
Да, корона криза е, светот како да запре, но тоа не значи дека треба да се откажеме од она што претходно сме го граделе и создавале. И стилот се гради и создава, па слетствено на тоа, вирусот не треба да не наведе да не се облекуваме убаво или пак да ја прекинеме нашата стилска приказна. Можеби немавме многу можност да се експонираме по настани или разни други случувања, ама имаше и места и време да се облечеме убаво и убаво да се чувствуваме.
Кога лани Машки магазин бираше личности од Македонија со најмногу стил, немавме голем проблем. Сега сепак беше малку потешко. Не дека немаме мажи со стил, туку ретко да ги видиме облечени за некоја пригодна свеченост. Ама трагајќи по таквите реткости, наидовме на уникатни примероци.
На помош викнавме и неколку етаблирани машки модни дизајнери да предложат свое мислење, па нивното изострено око одбра според нивниот вкус. Ние ја надополнивме листата со наши видувања, и се разбира дека оваа листа не е конечна, но убаво е на едно место да се види како нашите мажи парадираат и со стилот.
Целиот текст на Машки магазин, овде.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





