15 Декември, 2025
0.1058

МЕЧКИ НАПАЃААТ ВО МАВРОВО И РОСТУШЕ: Ќе се прогласува кризна состојба!

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2023 10:08

Добивај вести на Viber

Денеска, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов ќе одржи прес-конференција во ЦУК, на којашто ќе извести за добиената иницијатива од Општина Маврово и Ростуше со којашто бараат прогласување кризна состојба на територијата на општината поради голема опасност од напади од мечки што бил енормно зголемен број и бараат да се предвидат мерки и активности за надминување на состојбата.

Од општината вчера информираа дека на вонредна седница барале воведување кризна состојба.

„ Врз основа на донесениот заклучок на вондредна седница од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, Општината до Владата на Република Северна Македонија поднесе Информација со барање за прогласување кризна состојба на цела територија на Општина Маврово и Ростуше.

Општина Маврово и Ростуше ги превзеде сите активности и мерки кои се во своја надлежност, се со цел да ги заштити своите граѓани.

Исто така ги повикуваме Министерството за Животна Срдина и Просторно планирање, Министертвото за Земјоделство, шумарство и водостопанство, НП Маврово, ЦУК и сите други институции кои се надлежни за решавање на овој голем проблем со мечките и дивите свињи да се стават во функција за што поскоро решавање на истиот, со што ќе ја вратиме безбедноста на нашите граѓани.“, стои на фејсбук страната на општината.






Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите