Медарски: Mилошоски ќе биде тужен за клевета
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2020
Разговорот на снимката, која беше објавена денес од страна на Антонио Милошоски, се однесува на мојот професионален ангажман за компанијата Тотал ТВ, каде бев ангажиран од мнозинскиот сосопственик, а во врска со кривична пријава, поднесена од малцинскиот сосопственик, реагира адвокатот Филип Медарски.
„Ова не е прв, ниту единствен мој ангажман за оваа фирма, мојата соработка со неа датира години пред тоа. Спротивно на она што го тврди Антонио Милошоски, во мојот ангажман нема ништо спротивно на законите и професионалната етика. Заради тоа, тој ќе биде тужен за клевета и вистинитоста на своите тврдења ќе мора да ги докаже на суд. Фирмата ”Дијаверум” ми е позната само од медиумите и никогаш не сум имал било каков контакт со неа или било која друга компанија од областа на дијализата“, реагира тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.