15 Мај, 2024
0.2121

Медицинските сестри пијат повеќе кафе од новинарите, а судиите се најдебели

Објавено во: Стил 15 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Американските компании "Dunkin Donuts" и "Career Builder" спровеле истражување со цел да дознаат во кои професии најмногу се пие кафе. Истражувањето, кое опфатило околу 4000 испитаници, покажало  дека најголема количина на утринско кафе пијат работниците во кујната, научниците и агентите за продажба.

Според ова истражување 43 % од испитниците кафето го пијат за да станат попродуктивни , а 28% признале дека пијат по три или повеќе шолји на ден.

Интересен е и податокот дека медицинските сестри пијат повеќе кафе од новинарите, иако многумина мислат обратно. Наспроти ова истражување, компанијата  "Харис интерактив " анкетирала повеќе од 5700 вработени во различни компании и на различни функции. Седењето и стресот, според оваа анкета, се најчести причини за дебелеење и најпогодени се судиите, адвокатите и туристичките агенти. Четвртина од испитаниците како главен причинител за дебелината ја навеле работата, додека 16% рекле дека работата е главна причина за загубата на килограмите. Оние кои се здебелиле рекле дека тое е резултат на прекумерното седење, слабата физичка активност, стресот, лошата и брза исхрана. Стручњаците ги предупредуваат оние  на кои работното место од осум часа им е врзано за столица, да внимаваат на исхраната и ја нагласуваат важноста од поголемо движење вон рабтното време.