МЕДИУМИТЕ ВО ГАНА ПИШУВААТ ДЕКА НИВНИТЕ МЛАДИ ЌЕ ОДАТ НА ПЕЧАЛБА ВО СРБИЈА: Српските власти тврдат дека се работи за „злонамерно толкување“
Објавено во: Економија, Балкан 21 Јули, 2025 16:29
Веста дека Србија би можела да издаде работни дозволи за граѓаните на Гана предизвика остри реакции кај северниот сосед.
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, изјави дека тврдењата за договорот со Гана се „целосна измислица“ и „уште една манипулација насочена кон предизвикување социјални тензии“. Ѓуриќ додаде дека тоа е „злонамерно толкување“ на изјавите на министерот за надворешни работи на Гана, Самуел Окуџет Аблаква, и истакна дека е вистина дека Србија и Гана развиваат пријателски и корисни односи, но дека не е постигнат конкретен договор за масовно увоз на работници.
Но, во Гана локалните медиуми објавуваат дека преговорите со Србија се во напредна фаза и дека се очекува потпишување на Меморандум за разбирање, што би го отворило патот за работно ангажирање на млади луѓе во Србија. Според министерот Аблаква, Гана се надева дека ќе добие значителен дел од планираните 100.000 работни дозволи што Србија има намера да ги издаде оваа година.
Партијата на центарот на Србија (СЦСР) потсети дека, според официјалната статистика, околу 27.000 луѓе ја напуштаат Србија годишно – претежно млади и образовани – и дека владата не нуди системски решенија за да го спречи овој тренд.
„Младите луѓе заминуваат затоа што немаат безбедност, перспектива или чувство дека општеството ги цени. Додека ја напуштаат земјата, владата планира да увезува работна сила од Африка. Наместо да се грижи за сопствените граѓани, владата се свртува кон демографски инженеринг“, соопшти СЦСР.
Иако Ѓуриќ тврди дека Србија со години издавала работни дозволи на странски државјани – речиси 80.000 во 2024 година – критичарите истакнуваат дека овој потег има сериозни последици за социјалната структура и работничките права во земјата.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




