МЕДВЕДЕВ ДО ШОЛЦ И МАКРОН: Време е за пензија
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2024 19:01
Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев вели дека изборите во Европскиот Парламент(ЕП), на кои опозициските партии убедливо ги победија актуелните власти на Франција и Германија го покажаа неуспехот на политиките на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Како што вели Медведев, нив им е време да заминат на ѓубриштето на историјата.
Според него, изборите за ЕП ја разоткриле „неспособната, идиотска економска и имиграциска политика на Шолц и Макрон кои ги поддржуваат националистичките власти во Украина по цена на животите на сопствените граѓани“.
Во Германија конзервативниот сојуз ЦДУ-ЦСУ освои најголем број гласови на изборите за ЕП со освоени 29,5 отсто од гласовите, а десничарската партија Алтернатива за Германија заврши на второто место со 16,5 отсто, што е за 5,5 отсто повеќе од 2019 година. СПД на канцеларот Шолц го зазема третото место со 14 отсто, што е историски минимум.
Во Франција, политиката на Макрон претрпе крах, а тој тоа го призна со распуштање на собранието и распишување вонредни парламентарни избори.
Лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен ја поздрави одлуката на претседателот Макрон за одржување нови парламентарни избори во таа земја, откако неговата партија Преродба доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент.
„Подготвени сме да ја преземеме власта доколку Французите ни дадат доверба на претстојните национални избори“, рече Ле Пен, пренесе Ројтерс.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




