МЕДВЕДЕВ ГО НЕГИРА УКРАИНСКИОТ ЈАЗИК: Украина не е држава, а Зеленски не е претседател
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2023 19:29
Украина не е држава, а Зеленски не е претседател туку узурпатор, вели поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.
Tој денеска на Телеграм го објави одговорот на предлогот на поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, Украина да се приклучи на Алијансата без нејзините територии кои моментално се окупирани од Русија.
Медведев, кој сега ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, тврди дека во суштина тоа е признание дека Крим и Донбас повеќе не се дел од Украина.
„Не е лошо, но важно е да се продолжи понатаму. Мора да признаеме дека Одеса, Миколаив, Киев и практично сè останато воопшто не е Украина“, рече Медведев.
Вели дека украинскиот јазик не е јазик, а Украина не е земја туку вештачки собрани територии, пренесува Гардијан. Претходно имаше и други изјави од руските државници со кои го оспоруваат украинскиот јазик и нација.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




