Медведев кажа колку ќе чини гасот годинава и се пошегува со Европа
Објавено во: Економија 28 Август, 2022 18:50
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев вели дека цената на гасот до крајот на годинава во ЕУ ќе се искачи на 5.000 евра за илјада метри кубни.
Тој претходно велеше дека 2022 година ќе заврши со цена од 4.000 евра.
„Во врска со поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ги зголемам прогнозните трошоци на 5.000 евра до крајот на 2022 година“, напиша Медведев на Телеграм.
Тој објавата ја завршува иронично со англиската фраза „со топли поздрави– со топли желби“.
Цените на гасот во петокот достигнаа 3.525,9 долари и направија уште еден чекор кон историскиот максимум од 3.892 долари.Рускиот претседател Владимир Путин може да си дозволи целосно да го прекине извозот на гас во Европа.
Можеби ќе ве интересира
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




