20 Декември, 2025
0.0396

Медведев: Киев да смисли подобар план за развој наместо да ја обвинува Русија

Објавено во: Свет 15 Декември, 2014 09:41

Добивај вести на Viber

Украинскирте власти не успеаа да смислат подобар план за развој од анти – руската реторика, но официјална Москва нема да реагира на овие провокации, напишал рускиот премиер Дмитриј Медведев во текст објавен во денешниот број на весникот „Независимаја Газета“. Рускиот премиер во текстот истакнал дека Русија, спротивно на тоа, ќе продолжи да ги поддржува граѓаните на соседна Украина имајќи предвид дека најтешките времиња за украинската економија допрва доаѓаат, пренесува агенцијата „Итар Тасс“. „Ние во Русија сме загрижени поради ваквите збиднувања во Украина како што сме загрижени и за сопствените проблеми, но им помагаме на оние кои што ќе ја прифатат нашата помош и покрај злобните смешкања“, напишал рускиот премиер. Тој додал и дека искрено жали што претставниците на украинската елита ниту предложиле, ниту примениле други стратешки програми за развој на земјата. „Без оглед на тоа какви инсинуации ни испраќаат, ние немаме право да одговориме на тие провокации, ниту да заборавиме дека на другата страна од границата живеат луѓе кои ни се блиски по дух, култура, менталитет, луѓе чија судбина секогаш ќе биде важна за нас“, додал Медведев. Премиерот на Русија истакнал дека Украина за само една година доживеала длабока општествена поделба, енормен економски пад, изливи на радикализам кој вклучува истакнување на нацистички симболи, како и воена акција на својата територија против сопствените граѓани.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја