Меѓународното училиште „Нова“ организира голем хуманитарен семеен базар
Објавено во: Мои пари 21 Април, 2016 11:12
Меѓународното училиште „Нова“ има чест да Ве покани на 10-тото јубилејно издание на големиот хуманитарен семеен базар на кој ќе се продава храна од различни страни на светот, книги, ракотворби, а ќе биде поставена и мала зоолошка градина.
Манифестацијата е закажана на 23 април (сабота) во 11 часот, а дел од собраните пари ќе бидат наменети за Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.
Настанот е организиран од Здружението на родители на учениците во „Нова“. На настанот ќе бидат присутни повеќе амбасадори чиишто деца се школуваат во училиштето, а дел од нив ќе бидат задолжени и за подготовка и продажба на храната од земјата каде потекнуваат.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери.
Можеби ќе ве интересира
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“
Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026




