20 Декември, 2025
0.1221

Мелницата „Кадино“ ќе се реорганизира со десетици милиони евра долгови кон српски фирми

Објавено во: Економија 02 Јули, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Една од најголемите мелници во Македонија, „Кадино Индустри Груп“ влезе во стечајна постапка со долг од повеќе милиони евра главно кон српски фирми - трговци и производители на жито, добавувачи на семенски и други материјали, складиштари и транспортери.

Мелницата, која досега опстојуваше повеќе од 30 години и во 2022 направи приходи од повеќе од 32 милиони евра, според решението на Основен граѓански суд Скопје, со кое се утврдуваат доверителите, најмногу побарување има од АС Агро 99 Банатско во висина од 4,19 милиони евра.

Долгот кон Трејдинг Тим Нови Сад е 2,78 милиони евра, кон Агриком Компани Сомбор - 1,68 милиони евра, а Конвој Транс Крагуевац побарува 1,5 милиони евра. Вкупно околу 2 милиони евра е пријавениот долг кон РВА Србија Белград, Пик Бечеј и Вимексим Нови Сад. Од денот на отворање на стечајната постапка ќе се пресметува и камата.

Од последното судско решение од минатата недела, Собранието на доверители, меѓу кои е и Управата за јавни приходи, се доаѓа до заклучок дека ќе биде дадена шанса за излегување на „Кадино Индустри Груп“ од стечајната постапка и враќање на стабилното работење. Според она што може да се прочита од одлуката, најверојатно некој од доверителите ќе управува со мелницата со прифатлив план за реорганизација.

Кадино Индустри Груп со децении произведуваше различни видови на брашно препознатливи под името “Моето Брашно” на домашниот и на странските пазари. Освен во трговскиот сектор, продажби имаше и во угостителската дејност.

Компанијата воедно иницираше идеја за рачна изработка на традиционални производи направени со тенки кори: “ Бурек”, Вртена пита и други пецива од рачно влечени кори. Производите како замрзнати се извезуваа во Швајцарија, Америка, Канада, Белгија, Словенија и Холандија, а во последно време Турција и Русија.

Сопственик на компанијата е основачот Љупче Ѓорѓевски, кој ја управувал заедно со Тодор Ѓорѓевски.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба