18 Декември, 2025
0.0519

Менаџментот на Металец ја обжали одлуката за стечај!

Објавено во: Економија 31 Мај, 2013 10:04

Добивај вести на Viber

Директорот на прилепската фабрика за челични конструкции „Металец“ ја обжали одуката на прилепскиот суд за отварање стечајна постапка врз компанијата. Тој за Фактор објаснува дека се уште чекат официјално известување од судот и дека се надева оти жалбата ќе им биде уважена. „Знаеме за поведената постапка, но се уште немаме официјална потврда од судот затоа што имаме поднесено жалба. Главни доверители на „Металец“ се Стопанска банка Битола и Управата за јавни приходи, така што кој и да побарал стечај има такво право, меѓутоа, ние се уште имаме време да го спроведеме планот за реорганизација на фирмата. Приоритет ни е обештетување на поранешните вработени во „Металец“ кои сега се на работа во ИГМ. Рокот ни е до октомври годинава, така што подобро за сите ќе биде фирмата да не отиде во стечај, за да имаме време да го спроведеме планот за реорганизација до крај“, вели Трајко Милков, директор на „Металец“. Тој тврди дека за лошите резултати не може вината да се бара само во раководството затоа што и фабриката имала побарувања од близу 250 илјади евра кои подолго време не можела да си ги наплати. Според објавата во Службен весник, основниот суд во Прилеп ја отворил стечајната постапка врз „Металец“на 17-ти овој месец по барање на доверителите кои сакаат да си ги наплатат побарувањата преку итна реализација на имотот кој се уште не е оптоварен со хипотеки. Според закон, доверителите имаат рок од 30 дена од отварањето на стечајната постапка да достават докази до стечајниот управник,  дали и колку се намирени со планот за реорганизација од 2010 година, но и да ги пријават своите побарувања. Рочиштето на кое ќе се расправа по основ на овие побарувања е закажано за август годинава

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји