18 Декември, 2025
0.0397

МЕПСО ќе го суспендира „ЕНГ Сервис Трејд“ ако не врати долг од 40 милиони денари

Објавено во: Економија 01 Септември, 2017 12:58

Добивај вести на Viber

Долгот на снабдувачот со електрична енергија „ЕНГ Сервис Трејд“ кон МЕПСО е направен во најголема мерка во првиот квартал годинава, но од засега непознати причини претходниот менаџмент не ги активирал инструментите за наплата на долгот и МЕПСО  ќе ги извести надлежните државни инстанци за овој случај, потенцираше Симон Шутиноски, директор на Операторот на пазар на електрична енергија

МЕПСО ќе ја суспедира компанијата за снабдување „ЕНГ Сервис Трејд“ од пазарот за електрична енергија доколку во одреден рок не го плати заостанатиот долг од речиси 40 милиони денари, соопшти денеска менаџментот на МЕПСО на средба со новинарите. Долгот што го има „ЕНГ Сервис Трејд“ во најголема мерка е настанат како последица на превземена, но неплатена електрична енергија.

Во своето обраќање до јавноста Симон Шутиноски, директор на Операторот на пазар на електрична енергија потенцираше дека новиот менаџмент во делот на работењето на пазарот на електрична енергија затекнал вкупен долг во износ од околу 57 милиони денари што учесниците на пазарот на електрична енергија му ги должат на МЕПСО.

-Значајно да се истакне е тоа што на компанијата снабдувач „ЕНГ Сервис Трејд“ отпаѓа повеќе од 70 отсто од вкупниот долг кој во најголем дел е направен во првиот квартал годинава. Претходниот менаџмент од засега непознати причини не превзел мерки за активирање на инструментите што стојат на располагање за негова наплата. Претпоставуваме дека надлежните државни инстанци ќе покажат интерес за овој случај за што менаџментот и официјално ќе ги извести, потенцираше Шутиноски пред новинарите.

Тој додаде дека во последниве петнаесетина дена ги превзеле сите законски и подзаконски мерки што им стојат на располагање и дека вчера e активирана банкарската гаранција депонирана од „ЕНГ Сервис Трејд“ со што ќе се наплати дел од долгот. Шутиноски рече дека опомената пред суспензија кон „ЕНГ Сервис Трејд“ од вчера е јавно објавена и на интернет страницата на МЕПСО.

„Со цел објективно и транспарентно известување на јавноста за работењето во делот на надлежностите и обврските кои МЕПСО ги има во организирање и управување со Пазарот на електрична енергија, а по пројавен интерес во јавноста, сакаме да ве информираме за следново: Од страна на новиот менаџмент во делот на работењето на пазарот за електрична енергија е затекната состојба со вкупен долг од околу 57 милиони денари кој е направен од почетокот на годинава до назначувањето на новиот менаџмент.  Овој долг е направен по основ на обврски кои спрема МЕПСО ги направиле учесниците на пазарот на електрична енергија.  Она што е важно е тоа што, повеќе од 70 отсто од вкупниот долг, кој во најголем дел е направен во првиот квартал годинава, е на компанијата снабдувач, ЕНГ Сервис Трејд. Претходниот менаџмент, од засега непознати причини, не презел мерки за активирање на инструментите што стојат на располагање за негова наплата. Претпоставуваме дека, надлежните државни инстанци ќе покажат интерес за овој случај за што менаџментот и официјално ќе ги извести. Во оваа прилика, сакам да ве информирам дека како менаџмент на МЕПСО во овој период од петнаесетина дена ги преземавме следниве активности, во согласност со законските и подзаконските прописи, во врска со овој случај : Во текот на вчерашниот ден дадов налог за активирање на банкарската гаранција депонирана од оваа компанија, со што ќе се покрие дел од  долгот на ЕНГ Сервис Трејд спрема МЕПСО.  Објавивме јавна опомена пред суспензија на снабдувачот ЕНГ Сервис Трејд  на корпоративната интернет страница на МЕПСО и со тоа во оваа фаза од процесот за наплата на долгот се преземени сите активности предвидени во Правилата за пазар на електрична енергија, во договорот за учество на пазар и во договорот за балансна одговорност меѓу МЕПСО и ЕНГ Сервис Трејд.  Согласно погоре наведеното сакаме да информираме дека менаџментот во иднина ќе постапува врз основа на законските прописи и правила со цел навремено информирање на јавноста и спроведување на мерките за заштита на јавниот интерес на граѓаните“ - вели Симон Шутиноски, директор на Оператор на пазар на електрична енергија. 

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје