MЕПСО го кани пратеникот Милевски да ги најде фотелјите од бизонска кожа
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2019
Пратеникот Горан Милевски, денеска го злоупотреби моментот за презентација на Извештајот на ЕЕЗ и тенденциозно и крајно некоректно пласира дезинформација дека МЕПСО купува фотељи од кожа од бизон, соопштуваат од оваа институција.
Од МЕПСО упатуваат покана до пратеникот пратеникот, да појде во МЕПСО, да ги најде и да седне во тие фотељи
„Во таа прилика ќе му биде објаснето дека МЕПСО во својот дел од реформите во електроенергетскиот систем целосно со поддршка од ресорниот владин кабинет и од акционерот Министерството за транспорт и врски ги спровел сите задачи од реформскиот пакет и дека активно, во својот сегмент на работење, се подготвува за имплементација на пазарот за балансна енергија“, се додава во соопштението до медиумите .