19 Декември, 2025
0.0500

„МЕР“ чудо на македонската економија! Државна фирма без денар приходи со 11 вработени

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2015 00:40

Добивај вести на Viber

Акумулираната загуба на МЕР, основана кон крајот на семтеври 2010 година, од 2011 година до крај на 2014 година има акумулирана загуба која достигна речиси 90 отсто од нејзината акционерска главнина. Државата го толерира нејзиното работење иако фирмата нема приходи и одобрила 11 вработувања „Македонски енергетски ресурси“ или попозната како МЕР, државно акционерско друштво регистрирано за „цевоводен транспорт“ за три години има акумулирана загуба од 25,6 милиони денари што претставува речиси 87 отсто од акционерската главнина на друштвото која изнесува 29,44 милиони денари. И покрај тоа што МЕР во три години работење нема никакви приходи од продажба редовно дели плати и во периодот од 2011 година до 2014 година бројот на вработени го зголемила од 7 на 11 лица!!! Можеби ова државно акционерско друштво е единствена фирма во земјава која нема никакви приходи од нејзиното основање досега, но во континуитет го зголемува бројот на вработени, ова го покажуваат достапните податоци на МЕР од ревидираните финансиски извештаи објавени на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност кои можете да ги најдете на следниве линкови http://www.mse.mk/mk/announcement/6/11/2015/makedonski-energetski-resursi-ad-skopje/audited-financial-statements Државната фирма основана кон крајот на септември 2010 година која беше бомбастично најавувана дека ќе биде македонски партнер на руска компанија во транснационален гасовод што треба да поминува низ Македонија има основна дејност цевководен транспорт, но нема лиценца за каква и да е дејност поврзана со гас што треба да ја издаден Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) единствена овластена инстанца во земјава за издавање енергетски дозволи. На интернет страницата на МЕР не може да се најде ништо освен дејноста, називот на фирмата и лицата кои се управен одбор на друштвото. Од податоците на сајтот на РКЕ, МЕР не може да се најде на листата на компании кои имаат лиценци за енергетски дејности, а по претрагата на интернет може да се најде информација дека МЕР во 2014 година добил концесија за експлоатација на јаглен во басен што се наоѓа на територии на општина Пехчево и на општина Делчево. Р.Ф.    

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии