Меркел: Без Русија не сме безбедни!
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2014 15:37
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Полска предупреди дека без Русија не е можно долгорочно да се одржи безбедноста во Европа и дека мора да се остави простор за дијалог со Москва.
„Свесни сме дека заедно со Русија можеме долгорочно да ја одржиме безбедноста во Европа. Затоа економските санкции не се сами по себе цел, мораме да одржиме дијалог“, рекла германската канцеларка пред отварањето на изложбата за германско-полското помирување „Храброст и помирување“.
Премиерката на Полска Ева Копач и Ангела Меркел се сретнаа денеска на западот од Полска за да потсетат дека поминале 25 години од Мисата на помирување во Кшижовој на која, давајќи надеж за затварање на мрчните поглавја на историјата на двата народа се сретнаа премиерот Тадедуш Мазовјечки и германскиот канцелари Хелмут Кол.
Сликата на нивното долго и срдечно ракување го заобиколи светот како симбол на новата иднина, каде како што кажа денеска полската премиерка, обединета демократска Германија ќе биде гаранција за подобри денови а Полска во обединета Европа добар сосед.
Ангела Меркел и на ова место, симоболот на помирување, потсети дека Германците биле свесни на сите грубости кои ги направиле со нападот на Третиот Рајх на Полска на 1 септември во далечната 1939 година кога избила Втората Светска војна, окупација на Полска, геноцидот на европските Евреи и холокаустот.
„Германците се свесни за овие грубости и својата одговорност за нив. Доцната депортација на Германците од Полска и источна Европа беше бесправда но на неа треба да гледаме во свелината на случувањата кои и претходеа“, рекла Меркел.
„Не сме кријачи на историјата, умееме да извлечеме порака од неа... Нема една матрица на еден модел по кој народите би воспоставиле односи на разбирање и помирување ... Изложбата која ја отвараме „Храброст и помирување“, покажува дека помирувањето е плод на храброста но пред се доцен долг макотрпен труд на односиуте“; рекла Ева Копач.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




