03 Јули, 2024
0.0440

Меркел и Оланд бараат сите членки на ЕУ да го почитуваат законот за бегалците

Објавено во: Свет 24 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд повикаа за "единствен" одговор на најтешката бегалска криза во Европа по Втората светска војна.

Двајцата се сретнаа во Берлин, за да разговараат за ситуацијата. Постојат моменти во европската историја, во кои сме соочени со исклучителна ситуација како денешната, истакнуваат двајцата лидери.

Франција и Германија очекуваат од другите земји во ЕУ да го извршуваат општото законодавство во однос на бегалците, коментира канцеларката Меркел.

Во Европа постои единствено миграциско законодавство, но тоа не се спроведува, критикува Меркел.

Според неа сите еврочленки треба да учествуваат во остварување на ова право, почитувајќи ги прифатените стандарди за прием на бегалци и здравствено осигурување.

Меркел нагласува дека особено Еврокомисијата треба да ја преземе одговорноста во сегашната ситуација.

Според податоците на Frontex од почетокот на оваа година во ЕУ влегле 340 илјади мигранти. Германија пак ќе регистрира 800 илјади молби за азил до крајот на годината.

Германскиот канцелар инсистира исто така Јордан, Либан и Турција да создадат прифатливи услови за живот во камповите за бегалци во сириската граница.

Разговарано е во многу брзи рокови - уште оваа година, во земјите кои се најпогодени од бегалскиот бран - Грција и Италија, со заеднички напори да се изградат регистарски центри за прием на луѓе.

Според зборовите на Меркел, заедно со Оланд се согласуваат дека ЕУ треба да подготви листа на "сигурните земји на потекло", кон кои, барателите на азил кои пристигнуваат во Европа мора да бидат вратени.

Берлин инсистира на таквата политика, бидејќи голем дел од кандидатите за азил во Германија - 40%, доаѓаат од Балканот.

Можеби ќе ве интересира

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар