19 Декември, 2025
0.0533

Меркел и Оланд му се заканија на Путин

Објавено во: Свет 10 Мај, 2014 12:54

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд и се заканија на Русија дека ќе сноси последици, доколку на 25 мај не се одржат планираните избори во Украина. „Неуспехот да се одржат претседателските избори дополнително ќе ја дестабилизира земјата. Франција и Германија оценуваат дека во тој случај треба да има одредени последици, во согласност со одлуката на Европскиот совет од 6 март“, се наведува во заедничкото соопштение на двајцата европски лидери по неформалниот состанок во Штразлунд, Германија. Германската канцеларка и францускиот претседател оценија дека референдумите кои за утре ги подготвуваат претставници на проруските сили на истокот на Украина се „незаконски“. Истовремено, Меркел и Оланд апелираа до Москва „видливо“ да го намали степенот на готовност на руските војници на границата со Украина. Но, апелираа и до Киев да не спроведува „офанзивни операции“ против проруските сепаратисти пред одржувањето на претседателските избори, закажани за 25 мај. „Украинските безбедносни сили мора да се воздржат од офанзивни акции пред избори. Легитимната употреба на сила со цел заштита на граѓаните и инфраструктурата мора да биде пропорционална“, се наведува во соопштението на Меркел и Оланд.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела