Меркел ќе ја посети Турција
Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2015 14:34
Канцеларката Ангела Меркел ќе ја посети Турција, за да разговара за тероризмот, војната во Сирија и бегалската криза. Нејзината посета ќе се одржи само една недела по крвавите терористички напади во центарот на Анкара, во кои загинаа 97 лица.
Канцеларката ќе разговара со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу. Тие ќе разговараат за „заедничката борба против тероризмот, ситуацијата во Сирија и управувањето не бегалската криза“, соопшти портпаролот на Меркел Штефен Заиберт.
Германската канцеларка реагира со „голема загриженост“ на двојниот самоубиствен напад, најкрвавиот во современата историја на Турција. Таа го осуди како „исклучително кукавички чин насочен директно против граѓанските права, демократијата и мирот“, изјавил Заиберт.
Меркел испратила писмо со сочувство до Давутоглу и имала телефонски разговор со Ердоган за време на викендот.
Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави дека Турција е „клучна земја“, која може да и помогне на Европа за справување со невидениот миграциски прилив. Само оваа година во Федералната република се очекува да пристигнат помеѓу 800 000 до 1 милион мигранти.
„Турција е голема земја. Таа е член на НАТО, граничи со Исламска држава и сите кризни региони на Блискиот Исток“, изјавил портпарол Мартин Шефер.
„Нејзината политичка стабилност и уставен поредок се од исклучителна важност за стабилноста на целиот регион“, додал тој.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




