Меркел се уште е против членството на Турција во ЕУ
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2015 10:31
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека Европа има потреба од турската помош за ограничување на приливот на имигранти, но тоа не ја променило нејзината позиција дека Анкара не треба да стане членка на ЕУ.
„Секогаш сум била против членство во ЕУ, на претседателот Реџеп Таип Ердоган, тој го знае тоа и јас не го менувам тоа мислење", изјавила канцеларката во телевизиска емисија, цитирана од новинската агенција „Ројтерс“.
Уште пред доаѓањето на власт во 2005 година Меркел категорично застанала против членството на Турција во ЕУ и наместо тоа ги поддржува т.н. „Привилегирано партнерство“, што е чекор пред полноправното членство.
Сепак во последните години таа избегнува да ја брани премногу категорично оваа своја позиција. Наместо тоа, таа е за продолжување на преговорите помеѓу Анкара и Брисел, но без претходно јасен резултат. Во последниве години почнаа да се забавуваат, бидејќи интересот од страна на Турција почна да бледнее, а европските претставници станаа се повеќе критични поради нив од се повеќе авторитарно управување на Ердоган.
Во моментов Европа се обидува да достигне повторно до Турција со надеж дека таа ќе може да и помогне за ограничување на приливот на имигранти од својот сосед Сирија.
Ердоган го посети Брисел во понеделникот, каде му беше презентиран новиот план за акција, во рамките на кој Анкара ќе добие повеќе средства за помош на ирачките и сириските бегалци на својата територија. „Треба да зборуваме со Турција за подобро справување со товарот“, изјавила Меркел и додаде дека „тоа значи дека ќе и дадеме на Турција пари ... и ќе им ги исполниме некои барања како олеснување на визните ограничувања“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




