Добивај вести на Viber
Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека Словенија треба да стави ред во нејзиниот банкарски систем. Додека Европската комисија ја критикуваше Словенија поради буџетскиот дефицит кој расте, Меркел ја поштеди својата колешка од Словенија Аленка Братушек, за време на првата официјална посета на Берлин. Сепак канцеларката укажа на проблемите во банкарскиот сектор кои Словенија мора да ги реши, пренесе Б92.
„ Исклучително е важно тоа што словенечките кредитни институти ја вратија довербата на меѓународните инвеститори", рече Меркел која ги поддржа напорите на словенечката влада за побрзо спроведување на реформите, а како го пофали и ентузијазмот за приватизацијата при што изрази надеж дека ова ќе го искористат германски претприемачи.
Во Словенија дефицитот оваа година се очекува да биде на ниво од 8 отсто. Европската комисија и даде на Љубљана период од две години дефицитот га го намали на дозволената граница од три проценти. Сепак, за разлика Ангела Меркел, која гледа проблем само во банките, Европската комисија смета дека словенечката влада не инвестира доволно напор за остварување на зацртаните цели.
Словенечките „лоши банки“
Состојбата со словенечките банки е критична. Долговите се зголемија до седум милијарди евра, што е една петтина од вкупниот годишен приход на државата. Словенија, според добро познатото сценарио на кризата со еврото, "лошите заеми" се чини сакаше да ги префрли во т.н "лоши банки". Но за тоа се уште не доби дозвола од Европската комисија бидејќи словенечките банки не го поминаа стрес-тестот, кој го спомена и Ангела Меркел.
Европскиот комесар за монетарна политика Оли Рен, рече дека времето истекува.
„Ситуацијата е сериозна, но е под контрола", рече Рен. Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ за да го избегне заштитниот чадор и озогласената кредиторска тројка која им го загорчува животот на лидерите на другите најзадолжени држави во еврозоната.
Најзначаен капитал за приватизација е Телеком Словенија и аеродромот. Владата во Љубљана тазмислува за евентуална приватизација, како и за воведување на повисок данок на додадена вредност (22 проценти). Тоа што од Словенија меѓународната тројка (ММФ, ЕУ, ЕЦБ) веќе бара е да се намали администрацијата.
Запрашана што ќе и препорача на Словенија за борба против кризата, Меркел рече дека словенечката влада самата знае што треба да прави, но посочи и дека реформата на банкарскиот сектор и приватизацијата може да придонесат за подинамичен развој на економијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.