20 Декември, 2025
0.0412

Меркел со остра критика кон предлозите на Вишеградската четворка

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2016 10:34

Добивај вести на Viber

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги критикуваше предлозите на Вишеградската четворка за затворање на Балканскиот миграциски пат.

Меркел продолжува да инсистира дека ограничувањето на бегалскиот поток кон Европа треба да започне во Турција.

„Дали навистина сакаме веќе да се предадеме и да ја затвориме границата на Грција со Македонија и Бугарија, со оглед на сите последици кои тоа ќе ги има за Грција, Европската унија како целина, а оттаму и за Шенген зоната“, праша Меркел, цитирана од AFP.

Истовремено, таа најави дека на седницата на Европскиот совет овој четврток и петок ќе продолжи да инсистира за перцепција на турскиот пристап.

Темата ќе биде една од клучните индикатори за „успехот или неуспехот“ на самитот, додаде Меркел на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е во посета на Германија.

Германскиот канцелар сепак не очекува никаков напредок по квотата за распределба на бегалци во земјите од ЕУ, која е дел од турскиот план.

„Ќе ни се смеат ако се согласиме на дополнителни квоти, мислејќи сегашната ситуација во која помалку од 1.000 луѓе од договорените 160 000 беа дистрибуирани“, додаде таа.

Денес Грција најави завршување на 4 „жешки точки“ за прием на мигранти на нејзините острови во Егејското Море.

Водената граница со Турција се јавува како надворешна за ЕУ.

Во 2015 година над 1 милион луѓе влегоа во Европа токму од Грција.

Голем број европски лидери ги насочија своите напори кон намалување на протокот оваа година.

Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, кои ја претставуваат Вишеградската четворка, побараа развој на План Б, во случај Атина да продолжи да не се справува со ограничувањето на протокот.

Тој план претставува фактичко поместување на надворешната граница на север и засилување на присуството на заеднички гранични служби по линија на поделба помеѓу Грција од една страна и Бугарија и Македонија од друга.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба