Меркел со поддршка за обнова на преговорите за „Јужен тек“
Објавено во: Свет 15 Декември, 2014 19:42
Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска го поддржа барањето на Бугарија за одржување нови преговори со Русија за проектот „Јужен тек“, кој официјална Москва го сопре на почетокот од овој месец.
„Мора да ги разгледаме сите правни прашања поврзани за проектот „Јужен тек“ и потоа да ги искористиме за напредок на разговорите со Русија„, изјавила германската канцеларка по разговорот со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, што се одвиваше во Берлин.
Таа додала дека до сега се потпишани голем број договори и дека за двете страни важно е да останат верни партнери, додека бугарскиот премиер изразил уверување дека настанатите проблеми ќе бидат решени.
„Сметаме дека руското и бугарското партнерство мора да продолжи врз правна основа, во спротивно ќе го прекршиме договорот кој во 2006 година беше потпишан со Бугарија, а не со Европската унија“, истакнал Борисов.
Како што потсетуваат странските медиуми, рускиот претседател, Владимир Путин, ја изненади Европа на први декември кога објави дека се откажува од изградбата на проектот „Јужен тек“, наведувајќи дека единствена причина за ваквата одлука е противењето на ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




