МЕРКИТЕ НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ: Можни се карантински мерки за општините од каде доаѓаат најмногу заразени
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020
Состојбата ќе ја следиме
интензивно, и доколку и понатаму расте бројот на заразени граѓани од одредени
општини, а само поради фактот дека не се почитуваат мерките кои ги препорачуваме,
во текот на следната недела ќе ја разгледаме можноста за воведување карантински
мерки во тие општини, изјави денеска на прес-конференција, министерот за здравство,
Венко Филипче.
Најкритично, според него е во општините Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром.
-Информациите кои ги добивме од терен за непочитување на мерките беа индикатор да направиме контроли за степенот на почитување на мерките и за спроведување на процесите со епидемиолошките препораки. Во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата и на сите изречени мерки, односно не се носта маски и не се држи потребното растојание. Во Штип е утврдено непочитување на протоколот за транспорт на вработените во конфекциските фабрики. Во автобусите се возат од сите околни места и не се почитува правилото за процент на пополнетост и носење маски. Загрижува тоа што има информации за граѓани кои и со решение за самоизолација се шетаат надвор и барам апсолутно поголема ажурност од МВР и санкции на оние кои не ги почитуваат мерките, истакна Филипче.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.