Мерс ја зеде првата жртва во Европа
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2015 13:07
Блискоисточниот респираторен синдром (Бирс или Мерс / MERS) се шири во Европа. Првиот смртен случај е регистриран во Германија, објави „Russia Today“.
Епидемијата во Јужна Кореја има земено уште три животи за последните 24 часа. Со тоа бројот на смртни случаи се искачи на 19, објавија „ДПА“, повикувајќи се на последните податоци од властите.
Една од последните жртви билa на возраст од 49 години, тоа е најмладиот човек кој починал за време на најголемата епидемија од MERS надвор од Блискиот Исток.
Најопасниот вирус инфицирал повеќе од 150 лица, а над 5500 се во карантин.
Неколку болници во главниот град Сеул, каде се повеќето од заразените, привремено се затворени итните оддели како превентивна мерка против ширењето на заразата.
MERS почна да се шири во Јужна Кореја, откако првиот случај беше регистриран на 20 мај.
Стотици училишта беа затворени и Владата вети дека ќе обезбеди над 358 милиони долари за фондови за итна помош, за да им помогне на погодените болници.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




