23 Ноември, 2024
0.1227

Месец јуни фатален за кариерата на Близнаците, додека Oвните ќе најдат нова работа!

Објавено во: Општо 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Овен

Работа – Родените во знакот на Овне имаат добри аспекти за напредување во кариерата. Постојат големи шанси да бидете вклучени во нови проекти од големо значење. Иако ќе се чувствувате важно и почитувано, овие нови проекти би можеле да бидат извор на преголем стрес за вас. За сите Овнови кои се во потрага по работа, јуни би можел да биде плоден месец, особено периодот помеѓу 13 и 19 јуни.

Љубов – Слободните Овнови под влијание на Венера ќе го запознаат својот иден партнер во образовна установа или преку пријател. Овновите во врска ќе имаат огромна поддршка од својот партнер, а некои ќе бидат спремни и да учествуваат во финансиски проекти. Оние кои се во брак треба да очекуваат месец исполнет со хармонија.

Здравје – Добро би било ако се насочите кон здрава исхрана.

Бик

Работа – За да постигнете напредок во кариерата потребно е да бидете трпеливи во текот на јуни. Овој месец нема ништо поконкретно да се случува такашто добро би било да го искористите за правење планови за идниот период, да си поставите себеси вистински цели на работа и да создадете методи со кои би можеле да ги реализирате. Што се однесува до парите, нема потреба да се грижите бидејќи финансиската ситуација ќе ви биде одлична.

Љубов – Осамените Бикови ќе имаат доста можности за романтични ситуации но планетарните аспекти се такви што не би требало да очекувате нешто од тоа да биде сериозна врска. Биковите кои се во врска ќе бидат прилично тврдоглави такашто можни се несогласувања со партнерот. Но, како што ќе изминува месецот, така работите ќе се смират. Оние кои се во брак ќе бидат фокусирани на финансиски проекти кои ќе бидат профитабилни за целото семејство.

Здравје – Променете го режимот на вежбање.

Близнаци

Работа – Кариерата ќе ја оставите на страна во текот на овој месец. Тоа не значи дека целосно ќе стагнирате, бидејќи главниот фактор за успешност во вашето поле е комуникацијата, што е вашата силна страна. Близнаците кои се во потрага по работа во текот на овој месец би можеле да најдат примамливи добри понуди. Ситуацијата со парите е особено добра.

Љубов – Не баш добра вест за слободните Близнаци. Љубовта и сексот нема да бидат на вашиот дневен ред во текот на јуни. Уживајте во флертот бидејќи ќе имате можност за тоа, но не очекувајте ништо повеќе. Што се однесува до зафатените, вашиот емотивен однос во текот на јуни ќе биде прилично комплексен. Без разлика дали сте во сериозна врска или брак, немојте да очекувате премногу разбирање ниту хармонија во партнерските односи.

Здравје – Ќе бидете под стрес, па добро би било да посетувате часови по јога.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.