05 Декември, 2025
0.0375

Месец јуни фатален за кариерата на Близнаците, додека Oвните ќе најдат нова работа!

Објавено во: Општо 10 Мај, 2017 19:11

Добивај вести на Viber


Вага

Работа – Благодарение на вашите вештини и организациски способности, вашата кариера ќе достигне огромни висини овој месец. Ова ќе биде најдобриот месец во годината за вас што се однесува до работата. Можни се и патувања во странство. Вагите кои бараат работа ќе ги зголемат своите шанси ако во овој период започнат со подобрување на нивното професионално знаење.

Љубов – Ќе ви биде малку потешко да избалансирате помеѓу вашите работни и приватни обврски, но сепак некако ќе успеете. Иако ќе работите многу, ќе пронајдете време за партнерот и излегувања со пријателите. Вагите во сериозна врска или брак би требало плановите за бременост да ги одложат за наредниот период.

Здравје – Ќе се чувствувате прилично добро до 21 јуни, кога треба повеќе внимание да обрнете на вашите репродуктивни органи.

Шкорпија

Работа – Во вашата куќа на кариерата моментално преовладува Марс, така што ќе имате зголемени работни активности. Потребно е да ги надминете сите предизвици на работното место и да се докажете. Вашиот труд ќе даде добри резултати бидејќи за брзо време доаѓа напредокот во вашиот професионален живот. Финансиската ситуација ќе варира од недела до недела, но кога ќе биде неопходно, ќе имате пари од вашата друга половина или некој член на семејството.

Љубов – Во текот на јуни ќе имате неколку можности за запознавање на партнерот, но воглавно тоа ќе се одвива на некои чудни места. Нема да биде ништо необично ако ја пронајдете својата сродна душа преку интернет. Оние кои се во врска би можеле да имаат несогласувања со партнерот поради парите. Припадниците на овој знак кои се во брак ќе имаат цел месец да се фокусираат на деца, а некои Шкорпии ќе дознаат дека нивното семејство ќе се зголеми за уште еден член.

Здравје – Стресот предизвикан на работа би можел да се одрази на вашето здравје.

Стрелец

Работа – Вашиот професионален живот ќе биде многу успешен бидејќи внимателноста која ја покажувате во текот на извршувањето на вашите обврски нема да помине незабележано. Очекувајте зголемување на платата, како и јавна пофалба од вашите надредени. Иако финансиската стабилност и онака е стабилна, во текот на месецот под влијание на Марс ќе се подобри уште повеќе, со што ќе имате уште поголема самодоверба.

Љубов – Јуни е особено среќен месец за формирање на нови врски. Вашата среќа може да ја пронајдете во текот на патување во странство. Исто така, теретаната и работното опкружување се одлично место за нови романси. Сепак, врските кои ќе ги започнете на брзина, ќе ги завршите во текот на овој месец. Зафатените Стрелци би можеле да очекуваат помалку внимание од партнерот. Исто така, се препорачува овој месец да не размислувате за бременост.

Здравје – Се’ до крајот на јуни ќе имате кревко здравје. Обидете се поздраво да се храните.

Претходна страна  Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: