19 Декември, 2025
0.0204

Месечен хороскоп за август 2016

Објавено во: 29 Јули, 2016 19:35

Добивај вести на Viber

Овенот успехот на работа нема да го напушти и во месец август. Во првите две недели ве очекува нов производ, нова реклама, нова опрема на работа. Во август ќе направите чекор напред во кариерата или ќе најдете подобра работа. За биковите август е месец кога ќе си ја подобрат финансиската ситуација. Изгубените пари ќе ги повратите и ќе имате стабилност. Август е месец кога ќе бидете окупирани со обврски. За вработените близнаци август ќе биде динамичен месец. Ќе се насочите кон работа која е врзана за технологија, туризам или транспорт. Кавгите со колегите се минато и на работа ќе имате мирна атмосфера во август. Ракот во август ќе позајмува и распределува пари. Почетокот на месецот ќе биде тежок. Тензиите на работа, стравот од губење на работата ќе заврши на 13 август. Ако имате заостанати плати, тие ќе бидат исплатени и ќе се откажете од идејата да ја напуштите работата. Август е поволен за сите лавови кои се занимаваат со наука или креативна работа. По 13 август ќе имате шанса за напредување во кариерата. Август на лавовите ќе им донесе и подобра заработка. За девиците август ќе биде помалку стресен од претходниот месец. Успех ги чека посебно девиците кои се занимаваат со интелектуална работа. Невработените девици цел месец ќе имаат можности за вработување. Ќе подмирите долгови и ќе планирате нови инвестиции.