МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ДЕКЕМВРИ: Последниот месец за некој носи љубовни маки, за други голема сума пари!
Објавено во: Општо 14 Ноември, 2017
Јарец
Работа: Во првата половина на месецот внимавајте на манипулации од страна на соработниците. Евентуалниот вишок на пари ќе го истрошите за некои предмети од домаќинството.
Љубов: Овој период не е период на битни емоционални промени. Ќе размислувате за личност од минато, можеби и ќе го обновите контактот, но наскоро ќе се сетите на причината зошто раскинавте. Не сте подготвени на компромиси. Една личност со младешки дух, хармонична и зборлеста ќе се обиде да ве освои.
Здравје: Проблеми со циркулација и повремена аритмија.
Водолија
Работа: На голем број водолии месецов ќе биде успешен, бидејќи ќе бидете во можност да добиете пари кои Ви биле ветени одамна (преку долг, судска постапка, наследство итн.)
Љубов: Зафатените водолии сеуште не се сигурни за статусот на својата врска, но тешко дека ќе дојде до прекин. Слободните водолии ќе ги привлече некој со значителна разлика во години. Постои можност потенцијалниот партнер да биде зафатен, тајна врска не би бил добар избор овој месец. Оваа личност ќе биде сосема различна од Вас. Внимавајте што посакувате.
Здравје: Грло и синуси.
Риби
Работа: До средината на месецот средете ги заостанатите долгови. Не правете големи компромиси. Потребно Ви е слободно време за вашата креативност.
Љубов: Незадоволни сте од моменталната врска. Можеби сте во искушение да влезете во тајна љубовна врска. Можно е да постои одредена далечина помеќу Вас и партнерот, односно, потенцијалниот партнер да го одложи своето пристигнување поради работни обврски или семејни проблеми. Имајте трпение.
Здравје: Главоболки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.